Вработуваме

Придружете се на нашиот тим

Меѓународна градинка „Максимилијан“ вработува неговател — дојдете заедно да градиме среќни рани детски години.

Сончева главна училница со простори за игра и теписон со патишта

Локација

ул. Леринска 11а, Козле, Скопје

Работно време

8 часа дневно, од 08:00 до 16:00 часот

Аплицирајте на

info.ikm.mk@gmail.com

Отворена позиција

Неговател

1 позиција

Нашата мисија е обезбедување на висококвалитетно образование и нега за деца од предучилишна возраст. Во рамките на нашиот тим бараме мотивирани и професионални лица кои ќе придонесат за развојот, безбедноста и среќата на децата во нашата градинка. ИКМ е дел од Меѓународно училиште Максимилијан, реномирана интернационална образовна институција која постои од 2009 година. ИКМ спроведува ИБ програма на англиски јазик.

Потребни квалификации

  • Завршено средно четиригодишно образование.
  • Важечка лиценца за неговател издадена од Министерството за труд и социјална политика.
  • Искуство во областа од најмалку 2 години.

Вештини и способности

  • Креативност и способност во реализација на програма и дневни активности и активно следење на детскиот развој.
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини.
  • Позитивен и професионален пристап.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Тимски дух и љубов кон работата со деца.

Нудиме

  • Платена едукација и професионален развој.
  • Работна униформа.
  • Конкурентна плата по договор, во зависност од работното искуство.

Начин на аплицирање

Сите заинтересирани кандидати можат да испратат своја кратка биографија со назнака на позицијата за која аплицираат по е-пошта.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Вашите информации се строго доверливи.

Зградата на градинката Максимилијан

Мислите дека сте вистинската личност?

Испратете ни ја вашата биографија денес — со задоволство ќе ве запознаеме.

Аплицирајте сега